Упатство за енергетска ефикасност при јавни набавки

Bez autora
Mar 04 2012

Државните институции и општините добија насоки со кои при јавните набавки ќе можат да применуваат мерки за енергетска ефикасност. Насоките се содржани во Упатство што го изготвија експерти од областа, Агенцијата за енергетика во соработка со Бирото за јавни набавки. Критериумот кој вели дека доделените средства за јавна набавка треба да се искористат најрационално и најекономично кај нас се подразбира дека тоа треба да се направи најевтино, но вистинското значење е продуктот или услугата да обезбедат во целиот живот најрационално и најекономично користење на ресурсите. Според неа упатството е необврзувачки документ и како и во сите земји на ЕУ треба да и помогне на јавната администрација во остварување енергетски ефикасни јавни набавки. Како пример ќе им биде од голема корист на општините кои имаат сопствени програми за остварување енергетска ефикасност и треба на крајот на годината да дадат отчет за тоа како ги користеле своите ресурси.

Упатство за енергетска ефикасност при јавни набавкиДржавните институции и општините добија насоки со кои при јавните набавки ќе можат да применуваат мерки за енергетска ефикасност.

Насоките се содржани во Упатство што го изготвија експерти од областа, Агенцијата за енергетика во соработка со Бирото за јавни набавки.

- Критериумот кој вели дека доделените средства за јавна набавка треба да се искористат најрационално и најекономично кај нас се подразбира дека тоа треба да се направи најевтино, но вистинското значење е продуктот или услугата да обезбедат во целиот живот најрационално и најекономично користење на ресурсите - истакна на презентацијата на упатството нејзиниот изготвувач професор Сања Поповска - Василевска.

Според неа упатството е необврзувачки документ и како и во сите земји на ЕУ треба да и помогне на јавната администрација во остварување енергетски ефикасни јавни набавки.

- Како пример ќе им биде од голема корист на општините кои имаат сопствени програми за остварување енергетска ефикасност и треба на крајот на годината да дадат отчет за тоа како ги користеле своите ресурси - појасни Поповска - Василевска.

Таа очекува ефектите од примената да бидат големи.

- Потенцијалот е огромен. Во ЕУ дури 16% од бруто-домашниот приход оди на набавки на јавната администрација. Ако земеме предвид дека имаме голема администрација, значи дека кај потенцијалот е уште поголем - укажа Поповска - Василевска.

Директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечески, информира дека е во тек подготовка на подзаконски акти од Законот за енергетика. Станува збор за правилници за енергетската ефикасност во објекти и за енергетски контролори кои ќе понудат критериуми и методологија по кои основи ќе се овозможи енергетска ефикасност во објектите. Меѓу другото, се предвидува доколку јавната администрација има потреба за јавен објект тогаш за тој објект ќе треба да биде издаден енергетски сертификат во кој ќе бидат наведени енергетските карактеристики.

- Треба да се добие и енергетски пасош кој ќе го издава Агенцијата за енергетика, со кој на крајот на сите активности ќе има значајно поместување. Тогаш и цената на чинење на пазарот ќе има поместување на самите цени - истакна Гечевски.

Професор Петар Атанасовски, учесник во подготовка на правилникот за енергетска ефикасност во објекти, појасни дека со тој документ ќе се пропишат критериуми при градба на нови згради, како и при реконструција при одреден тип на згради.

- Од осамостојување на Македонија немаме ваков правилник и се гради хаотично според желбите и знаењето на инвеститорите - посочи Атанасовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik